И покрај намалувањето на коефициентите, функционерските плати остануваат исти или се зголемуваат

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми

Пратениците во Собранието изгласаа дека по скратена постапка ќе се носат измени на шест закони со кои се намалуваат коефициентите за пресметка на платите на пратениците, избраните и именуваните лица, јавните обвинители, судиите, членови на Совет на јавни обвинители и на Судскиот совет. Целта на измените, како што истакна еден од предлагачите на измените – пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Бојан Стојаноски, е „да се постигне правична распределба на средствата на буџетот, во согласност со економската реалност“.

Функционерските плати се покачија поради најбитниот фактор што се користи при пресметката на нивните плати – просечната плата за изминатата година, која во последните три години е во значителен пораст. Дополнително, платата на функционерите расте и по основ на разни други бенефиции како минат труд. Просечната плата расте, па нејзиниот просек за 2025 година е 46.889 денари.

Платата на премиерот Христијан Мицкоски сега изнесува околу 147.000 денари, а со исплата за месец февруари 2026 би била повисока и покрај намалениот коефициент. Коефициентот за премиерот ќе биде 3,17 и тој се множи со просечната плата од 47 илјади денари. Така, се добива сума од 149 илади денари на која се додаваат и 23 години работен стаж на премиерот, односно за секоја година минат труд платата расте за 0,5 проценти. Тие дополнителни 11,5 проценти ја покачуваат премиерската плата на 166.000 денари.

И претседателката Гордана Сиљановска-Давкова има ист коефициент од 3,17. На сумата од 149.000 денари се додаваат и нејзините околу триесет и пет години стаж или 17,5 проценти, со што се добива сума од 175 илјади денари нето.

Слични примања би имал и претседателот на Собранието, Африм Гаши. И неговата плата се пресметува со множење на коефициентот 3,17 со просечната плата од речиси 47.000 денари. На сумата од 149 илјади денари би се додале и неговите 29 години стаж (според биографијата од сајтот на Собранието), односно 14,5 проценти, со што се добива сума од 170.500 денари месечна плата.

Со намалениот коефициент, но со зголемената просечна-плата, владините министри што досега земале основна нето-плата од околу 118.000 денари, со новата пресметка ќе добиваат околу 122.000 денари без додатоци. Исклучок е првиот човек на МВР, Панче Тошковски, чии примања се повисоки за 20 проценти. За Тошковски, основица за пресметка ќе коефициентот 2,60, кој се множи со просечната плата за 2025 од 47.000 денари, со што се добива сума од 149.000 денари. Ако на тоа се додадат и 9,5 проценти минат труд за 19 години работен стаж на министерот (според биографијата на владата, тој работи од 2006 година) се добива нето плата од 133.809 дденари. Со зголемувањето од 20 проценти за вршење на функцијата прв човек на МВР, Тошковски би имал плата од речиси 160.500 денари.

Сегашните бруто-плати на пратениците се од 166.739 до 215.084 денари, што всушност е платата на собранискиот спикер. Сега, во нето-износ основните пратенички плати се од безмалку 109.000 денари до 140.469 денари. Коефициентот расте ако пратеникот е: претседател на Собранието, потпретседател, координатор на пратеничка група, претседател на комисија. Ова се основните плати за народните избраници во Собранието, потоа следува половина процент за секоја година стаж, односно најмногу вкупно 20 проценти. Исто, пратениците имаат право на разни надоместоци, а она што најмногу предизвика револт во јавноста е висината на трошоците за бензин и патарини што лани достигнале околу 233 илјади евра, а има пратеници што наплатиле и по околу 10.000 евра.

Воедно, со законските измени се утврди „намалување“ и на платите на градоначалниците, односно планирано е да се намалат и нивните коефициенти.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми