Човекот кој вчера го постави албанското знаме на Самуиловата тврдина плати казна од 1.100 евра и доби 5 години забрана за влез во Македонија.
Казната ја одреди судија на претходна постапка откако вчера четири лица, членови на фолклорната група Арбераши од Косово направија провокација и поставија албанско знаме на тврдината во Охрид.
По ослободувањето од полицијата, еден од приведените кажа дека и покрај казната овие биле нивни, албански територии и никогаш немало да се откажат од тоа.