Камион за отпад и теренско возило за општина Крушево

Со одлука на владата од 14 декември општина Крушево добива нов камион за собирање на отпад и теренско возило.

Оваа одлука е во рамки на подобрувањето на системот за заштита на животната средина во Пелагонискиот регион преку јакнење на институционалните капацитети за комунални услуги и заштита и безбедност на граѓаните, нивните материјални добра и природното и културно наследство.

„Продолжуваме со подобрување на јавната чистота и системот за менаџирање со отпад. Досега набававиме:
✅ Камион за собирање отпад
✅ Контејнери
✅ Трактор со плуг за снег и соларка
✅ Ровокопач
✅ Корпи за отпад“, напиша градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски на „Фејсбук.
Доделените средства изнесуваат 15 868 400 денари, а во оваа ставка спаѓаат општините Битола и Демир Хисар.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира