Кај с. Лагово пронајден гасен пиштол и 8 куршуми во возило управувано од жител од с. Житоше

Во КРЕМОНА ШОПИНГ ЦЕНТАР сега и ѕидни панели, вештачка трева, декоративни дрвца, трпезариски маси и клуб маси, компјутерски бироа и столици
ТЕМЗА - нов дневен престој во Припеп - дружење, учење, забава – исто како децата да се дома
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци
Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.

На 20.12.2022 во периодот од 07.00 до 13.00 часот на подрачјето на СВР Битола, полициски службеници од СВР Битола спровеле координирана акција со полициски службеници од Регионалниот центар за гранични работи Југ за контрола на возила и лица.

Притоа, во 11.30 часот на патот Битола – државна граница со Република Грција, на место викано „Трафостаница“, бил извршен преглед на патничко возило „фолксваген голф“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Н.Р (22) од с. Ивањевци, битолско, и било констатирано дека сообраќајната дозвола на возилото била фалсификувана. Возилото и сообраќајната дозвола биле одземени од лицето за понатамошна постапка.

Исто така, на патот Прилеп – Битола, кај с. Лагово, бил извршен преглед на патничко возило „фолксваген голф“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од М.Т. (52) од с. Житоше, при што биле пронајдени и одземени гасен пиштол и осум куршуми за гасен пиштол.

По целосно документирање на случаите, против лицата ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира