На 12.08.2025, со судски наредби, полициски службеници од Полициското одделение Ропотово извршиле претрес кај лицата С.С.(58) од село Црнилиште и С.Ч.(67) од село Дебреште поради сомнение за сторено кривично дело „недозволено изработување, држење и чување на огнено оружје“.
При претресот кај С.С. била пронајдена и одземена ловечка пушка марка „Гардоне“ калибар 7,62 x39, додека при претресот кај С.Ч. била пронајдена и одземена ловечка пушка марка „Црвена Застава“ со калибар 16 мм.
По целосно документирање на настаните, против двајцата ќе биде поднесена соодветна пријава.
