КЗБ препорача укинување на маските во средните училишта, како и организирање на училишни екскурзии

Со оглед на фактот дека епидемиолошката состојба во Македонија има тренд на опаѓање, а се намалуваат и болничките хоспитализации, Комисијата за заразни болести излезе со предлог за укинување на задолжителното носење маски во средните училишта.

„Трендот е позитивен, одиме во насока да имаме навистина позитивно добра епидемиолошка состојба. Се намалува трансмисијата на вирусот и како резултат на тоа и следната недела ќе разгледуваме дел од мерките и ќе видиме кои ќе бидат укинати. Постои актуелна листа на мерки, која се разгледува пред секој состанок и кога ќе има услови се укинуваат“, рече д-р Злате Мехмедовиќ, портпарол на Комисијата.

Во основните училишта веќе се укина мерката за задолжително носење на заштитни маски, а за факултетите, ако продолжи добриот епидемиолошки тренд, може да биде разговарано уште на следната седница на Комисијата за заразни болести.

Мехмедовиќ исто така истакна и дека се овозможува организирање на училишни екскурзии за ученици од основните и средните училишта.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира