Ковачевски: Нема разговори за македонскиот идентитет, тој е темел на народот и државата

Facebook
Twitter
Email
Print

ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци

Разговорите со Република Бугарија ќе продолжат и ќе се интензивираат, но никој не смее и нема да преговара за идентитетот на македонскиот народ, рече во своето воведно обраќање мандатарот, Димитар Ковачевски, на собраниската седница на која се избира нова влада.

„На патот кон ЕУ пред нас се предизвиците за кои двете влади, на Македонија и на Бугарија, се одлучни да изнајдат решенија низ дијалог и соработка. Македонските и бугарските граѓани се повеќе заинтересирани за економија, за културни, образовни и младински размени, за инфраструктура која поврзува и на овие теми мора многу повеќе да соработуваме. Историјата е на историчарите, но идентитетските прашања се темели на народот и на државата. За Владата не постои никаква дилема – никој не смее и никој нема да преговара за идентитетот на македонскиот народ и за историски и научно потврдената специфичност и уникатност на македонскиот јазик“, рече Ковачевски.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци