Колумбиската убавица е најпопуларна пејачка за 2017 според YouTube

Популарната колумбиска пејачка и сопруга на фудбалерот Џерард Пике, благодарение на хитовите „Perro Fiel“ и „Me Enamorе“ се пофали пред своите бројни фанови дека има најмногу прегледи на YouTube платформата за изминатата година.

 

Четириесетгодишната пејачка оваа вест ја сподели со фановите на Instagram.

 

„Колку е убаво да се започне новата година знаејќи дека ми давате толкава поддршка. Ве сакам многу“, напиша Шакира под сликата.

 

 

Минатата година беше многу успешна, но и многу стресна за Шакира. Покрај здравствените проблеми кои ги имаше, кои замалку ќе ја натераа да ја откаже светската турнеја, таа мораше да се справува и со притисокот од шпанската јавност која го обвинуваше нејзиниот маж за предавство.

 

Имено, Џерард Пике е страсен борец за независност на Каталонија и тој неколкупати го кажа тоа во јавност токму додека траеја притисоците на каталонскиот народ врз владата. Шакира беше на мета на шпанските националисти кои сакаа да допрат до Пике преку неа.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Во КРЕМОНА ШОПИНГ ЦЕНТАР сега и ѕидни панели, вештачка трева, декоративни дрвца, трпезариски маси и клуб маси, компјутерски бироа и столици
ТЕМЗА - нов дневен престој во Припеп - дружење, учење, забава – исто како децата да се дома
Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци