Комуна: Работиме на посолување и попесочување, во согласност со нашите ресурси

ТЕМЗА - нов дневен престој во Припеп - дружење, учење, забава – исто како децата да се дома
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци
Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.
Во КРЕМОНА ШОПИНГ ЦЕНТАР сега и ѕидни панели, вештачка трева, декоративни дрвца, трпезариски маси и клуб маси, компјутерски бироа и столици

Ве известуваме дека од рано утрово започнавме со посолување и попесочување на улици, пристапи и јавен простор со цел безбедно движење. Голем број на повици и информации доаѓаат до нас, но ги известуваме граѓаните дека сме на терен и ќе ги покриеме сите улици, повторно водејќи се според Програмата за организирање и функционирање на зимско одржување на улици и општински патишта на подрачјето на општина Крушево за сезоната 2021/2022, велат од „Комуна“ Крушево.

„Свесни сме за потребите за кои не известуваат граѓаните, но со ресурсите со кои располагаме, механизација и човечки ресурси, го даваме максимумот. Работиме и ќе успееме да си ја завршиме нашата работа. Се заблагодарувам на граѓаните за разбирањето и трпението.“, изјави ВД директорката на „Комуна“ Станка Ефремова Трајкоска.

Според погоре наведената Програма сопствениците на претпријатија се должни да преземат мерки за чистење на снегот и голомразицата пред своите објекти.

„Граѓани односно сопственици, преземаат мерки за чистење на снегот од покривите, терасите при што се води сметка за безбедноста на минувачите, надворешните инсталации и сообраќај. Исчистениот снег се собира пред зградите и објектите на начин што обезбедува непречен сообраќај.“, стои во Програмата за организирање и функционирање на зимското одржување на улици и општинските патишта на подрачјето на
Општина Крушево за сезоната 2021/2022 година.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира