
Општина Прилеп започма со изградба на потпорен ѕид на улицата „Прохор Пчински“ во населбата Рид, со што се решава еден долгогодишен инфраструктурен проблем кој ги загрозуваше домовите и безбедноста на граѓани.
„Овој зафат е од особено значење за жителите на ова подрачје, бидејќи токму тие со години се соочуваа со нестабилен терен и реална опасност од одрони. Како Локална самоуправа остануваме посветени на тоа да инвестираме во трајни решенија, да ги подобруваме условите за живеење и да изградиме поубав и побезбеден Прилеп за сите“, истакна градоначалникот Борче Јовчески.