Прилепчани повторно ќе имаат прилика да уживаат во музиката на женскиот камерен хор „Керамија“ од Прилеп. Концертот ќе се одржи на летната сцена од НУК „Марко Цепенков“, со почеток од 19:30 часот.
На концертот од „Керамија“ како гости ќе настапат и КУД „Стив Наумов“ од Битола и Градски камерен хор „Астибо“ од Штип.
Публиката ќе може да ја проследи следната програма:
1.Ave Maria – Vitorio соло Катерина Попоска
2.Ubi Caritas – Ola Gjelo
3.Zum Gali Gali – Israel Folk Song *Инструментална придружба Магдалена Ковилоска флејта Андреј Димоски бонгоси
4.Mamma Mia – ABBA соло Ане Чесноска
5.Ли ду ду – муз. Григор Копров -Васил Хаџиманов. арр. за хор Бурим Хидри
1. Тајно моја-Д. Темков
2. Кољо гидија – А. Лековски
3. Голем чечкалица – Д. Величкович
4. Bullerengue – J. Antonio
5. We will rock you – M. Brymer
1. Химна на Св. Климент Охридски – Кирил Македонски;
2. Кумановка 5 – Трајко Прокопиев;
3. Го пратиле дедо… – народна, арр. Ивана Ѓурѓевиќ – Јанков;
4. El Condor pasa – Daniel Alomia Robles;
5. Historia de un amor – Carlos Almaran;
6. The Lion sleeps tonight – Solomon Popoli Linda.

Инаку женскиот камерен хор „Керамија“ е формиран на 11.01.2023 година во Прилеп под иницијатива и диригентска палка на Катерина Попоска од Прилеп, дипломиран музичар теоретичар педагог.
Во хорот членуваат ентузијасти и вљубенци во хорската уметеност.
Специфично е името „Керамија“, но тоа го означува античкот град Керамија, кој се простирал на задниот дел и ѕидините од Марковите Кули, кој е синоним на градот Прилеп.
Жкх.„Керамија“ е единствениот еднороден женски хор во Прилеп, во него членуваат и аматери и девојки со музичко образование, но со голем стаж во хорската уметност, кој во многу кратко време покажа дека можи да се носи со тежина на материјал, обемна работа и професионалност на рамниште со професинални хорови. Хорот со досегашната работа има обработено композиции од духовен карактер, комерцијални англиски и божиќни хитови и македонски староградски и народни песни.
Целите на хорот се да се негува хорското пеење и традиција како дисциплина, афирмација како единствен женски хор од Прилеп во Македонија, но и за афирмација и надвор од границите на државата.
Има реализирано бројни концерти во земјава и во странство.