Концерт на „Фолтин“ на летната сцена при ЦК „Марко Цепенков“ во Прилеп

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми

Целовечерен концерт на „Фолтин“ ќе се одржи в сабота, 6 септември, на летната сцена на ЦК „Марко Цепенков“ – Прилеп, со почеток во 21:30 часот.

Оваа и следната година „Фолтин“ ја одбележуваат својата 30-годишнина од формирањето и првиот самостоен концерт. Основана во 1995 година во Битола, групата е препознатлива по својот уметнички и експериментален израз. Текстовите често се фонетска имитација на неколку медитерански јазици – „спонтан есперанто“, како што самите го нарекуваат. Нивниот препознатлив стил, „псевдо-емигрантско кабаре“, е амалгам од традиционална музика, електроника и рок, збогатен со визуелни елементи од кабаре и перформанс.

Со текстовите на македонски јазик, „Фолтин“ отвора ново поглавје, внесувајќи влијанија од алтернативниот рок и новиот бран, но задржувајќи ја врската со традиционалната музика и концептот на кабаре. Групата има објавено повеќе од десет студиски изданија, а нивната музика е дел од над триесет театарски претстави и неколку филмови („Плати и жени“, „Со љубов“, „Исцелител“, „Медена земја“ и други).

Настанот се организира во соработка со ЦК „Марко Цепенков“ – Прилеп и е финансиски поддржан во рамките на Програмата за проекти од национален интерес за 2025 година на Министерството за култура и туризам на Македонија.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми