Корупцијата победува во Македонија – пад за 12 места на Индексот на перцепција на корупција

Според Транспаренси интернешнл, Македонија бележи пад од 12 места во борбата против корупцијата и е во друштво на Суринам, Виетнам, Казахстан и Танзанија.

Македонија е на 88. место од 180 држави според најновиот Индекс за перцепција на корупцијата за 2024 година, којшто годишно го објавува Транспаренси Интернешнел. Тоа е за 12 места подолу во однос на претходното рангирање за 2023 година, кога беше на 76 место и беше критикувана поради измените во Кривичниот законик.

Неказнивоста на високата корупција поврзана со лица на јавни позиции, индициите за политичко влијание во судството, лошата контрола која Судскиот совет ја врши врз судиите и препораките на оценската мисија на Европската Унија, кршењето на законот со изборот на кандидати за Академијата на судии и јавни обвинители за време на избори, се само дел од случувањата коишто беа забележани лани.

Индексот на перцепција на корупцијата (ИПК) за 2024 година покажува дека корупцијата е опасен проблем во секој дел од светот, но промени на подобро се случуваат во многу земји.

Највисоко рангирана и годинава останува Данска со 90 индексни поени, по што следат Финска со 88, Сингапур со 84 поени, Нов Зеланд со 83 и Луксембург со 81 поен.

На последно место е Јужен Судан со 8 индексни поени, додека пред него се Сомалија со 9 и Венецуела со 10 индексни поени.

Од земјите во регионот најдобро рангирана е Грција, која е на 59 позиција, а најлошо Босна и Херцеговина, која е на 114 позиција. Србија е на 105 позиција, Хрватска има пад од 3 поени и е на 63 позиција, додека Бугарија бележи пад од 2 поени и е на 76 позиција. Албанија е на 80 позиција, Косово е на 73 позиција, а Црна Гора стагнира е на 65 позиција.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи