Кос: Уставните измени се единствен услов за отворање на преговорите – идентитетот никогаш не е предмет на политичко одлучување

Facebook
Twitter
Email
Print

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми

За Европската комисија ситуацијата е јасна, доколку Северна Македонија ги исполни обврските и го промени Уставот, што секако свесна сум не е лесно, тогаш веднаш ќе започнеме со меѓувладината конференција за отворање на кластерите без какви било други политички условувања, изјави на денешната прес конференција еврокомесарката за проширување и добрососедска политика Марта Кос.

„Нашата политичка цел е да се отворат пристапните преговори со Северна Македонија по кластер 1 најскоро што е можно, штом Северна Македонија ќе ги исполни релеватните критериуми договорени со Советот на ЕУ, односно ќе ги имплементира заложбите за уставните промени“, рече Кос.

Во врска со постојаните барања и амандмани на Бугарија, еврокомесарката истакна дека членството во Европската Унија е најдобриот начин како да се заштити идентитетот, но и дека тој не смее да биде предмет на политичко одлучување.

„Идентитетот никогаш не може да биде предмет на политичко одлучување, туку е нешто го носиме во душите и нашите срца. Идентитетот е како се чувстуваме, како ја чувствуваме нашата татковина и како се грижиме за нашата традиција. Идентитет се и манастирите, погачата, тавче-гравче, пинџурот, полнетите пиперки… како ги одржуваме традиционалните носии, какви односи градиме со постарите во земјата, каков однос имаме кон зачувување на нашиот јазик, тоа никој не може да ви го одземе на вас Македонците. ЕУ е заедница на различности и токму преку членството во ЕУ се заштитува идентитетот, културата и јазикот“, рече Кос.

Премиерот Христијан Мицкоски, пак, подвлече дека идентитетот не може да се сведе само на гастрономија и традиција, туку и на историските личности и настани.

„Идентитетот го носиме длабоко во нас, но изминатите три децении изгубивме голем дел од него менувајќи името, знамето и Уставот. Без гаранции дека ќе ова биде последна идентитеска промена, јас би бил повнимателен. Јас се водам од девизата „не ги слушај што зборуваат (бугарските функционери) туку што прават“, а тоа што го прават не е според европските вредности. За мене како Македонец идентитет се и Гоце Делчев, Кузман Шапкарев, Даме Груев, Јане Сандански, Илинденското востание  и така натаму. Не знам дали ќе го споделат истото мислење луѓето од исток“, рече Мицкоски.

Состанокот ЕУ – Западен Балкан во Скопје се одржува во критичен момент за проширувањето и во време кога прашањето за македонскиот идентитет повторно станува дел од политичките дебати во Брисел.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми