Крадењето дрва во прилепско продолжува со несмален интензитет – полни раце работа за шумочуварите и шумската полиција

ТЕМЗА - нов дневен престој во Припеп - дружење, учење, забава – исто како децата да се дома
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци
Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.
Во КРЕМОНА ШОПИНГ ЦЕНТАР сега и ѕидни панели, вештачка трева, декоративни дрвца, трпезариски маси и клуб маси, компјутерски бироа и столици

Крадењето дрва во прилепско продолжува со несмален интензитет. Шумочуварите од подружницата „Црн Бор“ на ЈП „Национални шуми“ и по Нова година имаат полни раце работа.

Токму на првиот ден од новава година, шумочуварската служба на подружницата „Црн Бор“ од Прилеп, во заедничка акција со шумската полиција, во шумско-стопанската единица „Бабуна – Стровија“ во селото Слепче, извршила заплена на бесправно исечено дабово огревно дрво, додека таа вечер, во селото Небрегово била извршена уште една заплена на дабово огревно дрво, и двете од непознат сторител.

На осми јануари, во местото викано Воени магацини, биле затечени два шпедитера со дабово огревно дрво. Дрвата се одземени и однесени на складот на подружницата.

Следниот ден, шумочуварската служба на подружницата „Црн Бор“ од Прилеп, во заедничка акција со шумската полиција, во шумско-стопанската единица „Селечка Планина“ во местото викано Шаторов Камен, извршила заплена на бесправно исечено багремово огревно дрво од непознат сторител. Дрвата се одземени и однесени на складот на подружницата.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира