Крајот на учебната година во Прилеп прославен со „Палачинкијада“

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми

Крајот на учебната година во Прилеп денес беше најавен, а воедно и прославен со слатката манифестација „Палачинкијада“. Големиот број на присутни ги забавуваше Биби, а секако тука беа и вкусните палачинки. На најдобрите ученици им беше доделена пофалница од страна на Општина Прилеп за постигнатиот успех во изминатата учебна година.

„Општина Прилеп и јас како градоначалник, сакаме на сите ученици да им посакаме среќен летен распуст, исполнет со многу игра, смеа, но и читање на лектири и мала подготовка за наредната учебна година! Воедно сакам да ви се заблагодарам што сите вие бевте оваа година одлични ученици, пред се прекрасни деца, прекрасни другари, вредни, упорни и истрајни до крај“, рече градоначалникот на општина Прилеп, Борче Јовчески.

Овој настан се реализираше благодарение на прилепскиот бизнис сектор: Мермерен Комбинат, Авто Контрол, аптеките Мента Фарм, Општина Прилеп, како и вработените во детските градинки „Наша Иднина“, ЈП за ПУП, ЈКП „Комуналец“ и Терминал Комуналец.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми