По повод Меѓународниот ден на крводарителството, 17-ти март, Општина Прилеп во соработка со Црвениот крст на Република Македонија – Општинска организација Прилеп, организира крводарителска акција во среда на 13 март.

„Ги повикуваме сите граѓани кои се во можност да даруваат крв и да спасат нечиј живот, оваа среда од 09.00 до 14.00 часот во просториите на Општина Прилеп да се приклучат на оваа крводарителска акција“, велат од Општина Прилеп.