ОВР Прилеп поднесе кривична пријава против А.А.(22) од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“.
На различни локации во Прилеп и прилепско, полициски службеници извршиле преглед на неколку лица, при што била пронајдена и одземена марихуана, која ја набавиле од пријавениот.