СВР Битола поднесе кривична пријава против А.О.(27) од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“.
На 30.12.2024, полициски службеници извршиле претрес во домот и возилото на пријавениот, при што пронашле и одзеле поголема количина пиротехнички средства.