Кривична за прилепчанец кој зел грант од Агенција за вработување, но не отворил бизнис

ТЕМЗА - нов дневен престој во Припеп - дружење, учење, забава – исто како децата да се дома
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци
Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.
Во КРЕМОНА ШОПИНГ ЦЕНТАР сега и ѕидни панели, вештачка трева, декоративни дрвца, трпезариски маси и клуб маси, компјутерски бироа и столици

СВР Битола поднело кривична пријава против С.М.(37) од Прилеп и правно лице од овој град, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама при добивање на кредит или друга погодност“.

Како што наведува МВР во редовниот дневен Билтен, пријавениот, како невработено лице, со намера да се стекне со противправна имотна корист, во текот на 2016 година поднел апликација за активна мерка по програмата и пријава за користење на грант.

„По одобрување на апликацијата основал фирма и склучил договор со АВРМ и УНДП – по што искористил средства во висина од 246.000 денари, како директна набавка на опрема и материјали, меѓутоа спротивно на договорот и обврските, тој воопшто не реализирал финансиски трансакции и исплата на бруто плати, фирмата по службена должност од страна на Централен регистар во текот на 2019 година е ликвидирана, а искористените средства не се вратени согласно договорот, со што се стекнал со противправна имотна корист, а на штета на буџетот на РМ во износ до 246.000 денари“, наведоа од Министерството за внатрешни работи.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира