СВР Битола, СВР Тетово, СВР Охрид и СВР Куманово поднесоа кривични пријави против И.А.(34), А.Р.(28), М.А.(29), А.А.(42) од с.Пласница, општина Македонски Брод, Р.К.(42) од с.Небрегово, прилепско, Б.С.(24) од Прилеп, Д.Ж.(43) од Прилеп, Д.А.(22), Е.Р.(21) и Т.Ј.(56) од Битола, Р.Ј.(23) од с.Пирок, тетовско, Ф.З.(29) од Гостивар, С.А.(24) од с.Трново, гостиварско, Н.И.(29) од Гостивар, Љ.А.(47) од с.Заграчани, струшко и Б.К.(25) од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“.
Пријавените, во период од 16.03. до 11.04.2021 без дозвола за движење, се движеле за време на ограничувањата дадени од Влада на Република Македонија за забрана за движење на возила и лица во периодот од 20.00 (22.00) до 05.00 часот.