ОВР Прилеп поднесе кривична пријава против Т.И.(68) од Холандија и Р.И.(66) од Прилеп, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „спречување на службено лице во вршење службено дејствие“.
На 22.09.2026, пријавените попречувале социјални работници од Центарот за социјални работи Прилеп додека извршувале службени дејствија.