СВР Битола поднесе кривична пријава против М.Г.(20) од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“ и „овозможување на употреба на наркотични дроги“. На 23.08.2023 во Прилеп, полициски службеници извршиле преглед над едно лице, при што била пронајдена и одземена марихуана, која претходно ја набавил од пријавениот.

СВР Битола поднесе кривична пријава и против А.А.(20) од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 04.03.2024 во Прилеп, полициски службеници извршиле преглед над пријавениот, при што била пронајдена и одземена марихуана.