Крушево ја изработи стратегијата за развој на туризмот за период 2020-2025

 

КОЊИЧКИ КЛУБ МУСИЦА – КРУШЕВО 078-377-315


Општина Крушево ја изработи стратегијата за развој на туризам за периодот од 2020 до 2025 година. Стратегијата ги ревидира приоритетите од последната стратегија, ја детектира моменталната состојба и дава приоритети и цели врз основа на светските трендови на туризмот и потенцијалите на Крушево.

 

Стратегијата е изработена во консултација со општина Крушево, а беше предмет на увид и на граѓаните на општина Крушево и сите засегнати страни.

 

„Врз основа на оваа стратегија ќе продолжиме да работиме. Драго ми е што имаме еден ваков документ затоа што создава поголема одговорност за нас, а истата е остварлива. Благодарност до Министерството за економија во имплементацијата на проектот.“, изјави градоначалникот на општина Крушево.

 

Стратегијата е изработена со финансиска поддршка на Министерството за економија.

 

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира