Крушевчанецот Ставре Јада ќе биде македонскиот знаменосец на Олимпијадата во Пјеонгчанг

Македонскиот репрезентативец, Ставре Јада, кој постигна А олимписка норма и кој ќе се натпреварува во дисциплината нордиско скијање, ќе биде македонскиот знаменосец на Олимпијадата во Пјеонгчанг, Јужна Кореја која ќе се одржи од 9 до 25 февруари.

 

Јада вели дека се чувствува  максимално подготвен за предизвикот кој кој го очекува. Тој  ќе се натпреварува во две трки, едната долга 1,6 км која е во дисциплината спринт и другата долга 15 км. слободен стил.

 

 

„Се чувствувам максимално подготвен, не чувствувам никаков притисок и сакам да постигнам најдобар резултат што некој македонски репрезентативец воопшто постигнал на Олимпијада“, вели Јада.

 

Освен него на зимските олимсписки игри Македонија ќе ја претставуваат и Антонио Ристески со А олимписка норма , кој ќе се натпреварува во алпско скијање и Викторија Тодоровска со B олимписка норма која ќе се натпреварува во нордиско скијање.

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира