КСС бара скалесто зголемување на платите во администрацијата, во спротивно најавува генерален штрајк

Facebook
Twitter
Email
Print
Во КРЕМОНА ШОПИНГ ЦЕНТАР сега и ѕидни панели, вештачка трева, декоративни дрвца, трпезариски маси и клуб маси, компјутерски бироа и столици
ТЕМЗА - нов дневен престој во Припеп - дружење, учење, забава – исто како децата да се дома
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци
Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.

Скалесто покачување на платите на вработените во администрацијата или генерален штрајк, најави Конфередацијата на слободни синдикати (КСС) и ја обвини Владата дека по утврдувањето на минималната плата ја манипулира јавноста и административците со лажни најави за поголеми приходи  и ги игнорира синдикатите.

Според КСС, само 10% од административците се опфатени од одлуката за зголемување на минималната плата, што претставува пораз за синдикатите. Најавуваат дека на 30 март пред Собранието ќе одржат предупредувачки штрајк.

„Минималната плата стапи на сила од 1 март, а она што беше барање за скалесто покачување на платите не доби поддршка од економско-социјалниот Совет и не стигна до Собрание. Минималната плата требаше да се покачи, ние дадовме цврста поддршка на ССМ, но не можеме да толерираме понатамошно манипулирање со јавноста и со членството околу скалестото покачување на платите. Од причина што 400.000 од вработените во земјава земаат средна плата од околу 21.700 што значи живеат на раб на сиромаштија, ние донесовме одлука најпрво да излеземе на улица на 30 март во 15.30 пред Собрание да го искажеме нашето незадоволство бидејќи уште во ноември минатата година испративме допис до сите пратеници во Собранието и баравме усогласување на минималната плата“, вели претседателот на КСС, Благоја Ралповски и додава дека доколку и после тој протест надлежните останат глуви на нивните барања, ќе следи генерален штрајк на вработените во јавниот сектор.

Од КСС бараат од Владата да го покачи бодот во јавниот сектор, со што велат ќе се реши проблемот на вработените во јавните институции кои сега живеат на работ на сиромаштија.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира