ЛАГ АГРО ЛИДЕР потпиша Меморандум за соработка со Општина Долнени за заедничко делување за промовирање на концептот за социјална правда


ЛАГ АГРО ЛИДЕР на 20-ти  Јануари 2022 година оствари средба со градоначалникот на општина Долнени – г-н Урим Ибески и претставници на општина Долнени на која се потпиша Меморандум за соработка со главна цел фокусирана на обезбедување на услуги за поддршка на жителите од руралните средини, особено жените-земјоделки согласно активностите на проектот “Социјална правда во руралните заедници преку зајакнување на дигиталните и претприемничките вештини на жените од руралните средини” поддржан од Фондација Отворено општество – Македонија

Социјалната правда, покрај хуманизмот и солидарноста, е една од темелните вредности на македонскиот уставен поредок. Сите ние, политичките претставници, бизнис заедницата и граѓанскиот сектор треба да дадеме свој придонес во градењето на поправедно и похумано општество за сите  граѓани.

Локалната Акциона Група АГРО ЛИДЕР активно делува за за промовирање на концептот на социјална правда зошто секој заслужува еднакви економски, политички и социјални права и можности.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира