Левица: Антикорупционерката Ристовска крие имот – Дали ДКСК ќе почне со чистење од сопсвениот двор

Facebook
Twitter
Email
Print

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми

По разобличувањето на октоподската мрежа во Државната комисија за спречување на корупцијата и улогата на Цвета Ристовска во заташкување на чувствителни предмети и амнестирање на функционери од ДПМНЕ, денес отвораме уште посериозен и поалармантен аспект – членката на Антикорупциската комисија, Цвета Ристовска, иако согласно Закон е должна да поднесе навремен, вистинит, детален, целосен анкетен лист со сиот свој имот, но и со имотот на нејзиното семејство – самата свесно го прекршила Законот, велат од политичката партија Левица.

„Согласно закон, секој функционер е должен да поднесе точен, целосен и вистинит анкетен лист за својот имот и имотот на членовите на семејството. Тоа важи двојно за член на ДКСК – институција која изрекува прекршочни санкции и поведува постапки токму за непријавување, прикривање или неточно пријавување на имот!

Сепак, Цвета Ристовска, иако била должна, не ги пријавила фирмите на своите деца во анкетниот лист. И не станува збор за формална грешка, туку за свесно изоставување на податоци кои законски морале да бидат внесени, а образецот на анкетниот лист содржи токму такви полиња!

Оттука, логично се наметнува прашањето: Дали Цвета Ристовска ќе се казни сама себе? Или, како и во сите случаи поврзани со власта на ДПМНЕ, така и овој таа ќе го затвори, релативизира или „заглави“ во некоја фиока?

Станува збор за членка на тело кое во изминатиот период систематски ги амнестираше од одговорност функционерите на ДПМНЕ – од сомнителни дипломи, преку судир на интереси, до милионски тендери… и секогаш „не се наоѓаше ништо спорно“. Денес истата таа членка се соочува со факт дека самата го прекршила Законот.

Ова повеќе не е само институционален пропуст, туку многу повеќе е прашање на интегритет и кредибилитет. Антикорупциска комисија во која член што затвора предмети за власта, во исто време прикрива сопствена имотна состојба, не е чувар на јавниот интерес, туку дел од партиско-коруптивниот механизам.

Левица јавно прашува: Ќе има ли истрага и за Цвета Ристовска? Ќе важи ли законот и за оние што треба да го спроведуваат? Или октоподот ќе продолжи да ги штити своите пипци, дури и кога тие седат во самото срце на „антикорупцијата“? Дали ДКСК планира најавените контроли да ги започне од сопствениот двор?

Утре Левица ќе обзнани и зошто Цвета Ристовска свесно ги прикрила овие фирми“, се вели во соопштението.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми