Левица: Нов удар пред грејната сезона – исчезнаа субвенциите од сметките за електрична енергија

Facebook
Twitter
Email
Print
ТЕМЗА - нов дневен престој во Припеп - дружење, учење, забава – исто како децата да се дома
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци
Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.
Во КРЕМОНА ШОПИНГ ЦЕНТАР сега и ѕидни панели, вештачка трева, декоративни дрвца, трпезариски маси и клуб маси, компјутерски бироа и столици

Владата со нов удар по џебот на граѓаните – ставката „субвенции“ на сметката за електрична енергија магично исчезна, пред почетокот на грејната сезона. Најпогодени од ваквата политика се граѓаните со најниски примања. По уште еден параметар, актуелната Влада, и покрај формирањето на ново Министерство за енергетика, успева да биде полоша, дури и од претходната, велат од политичката партија Левица.

„Приватизацијата на енергетскиот сектор во Македонија беше скапа грешка. Товарот го носат граѓаните. Профитите што ги генерираат приватни енергетски компании не се реинвестираат во нашата енергетска инфраструктура. Наместо ова, тие се пренасочуваат за полнење џебови на „инвеститорите“.

Нашата електроенергетска мрежа се распаѓа поради недостиг на инвестиции кои очајно се потребни за нејзино обновување и задоволување на потребите на пазарот. Тоа доведува до недостиг на домашно производство на струја и рапидно зголемување на цените. Сметките за електрична енергија ставаат неподнослив товар како за домаќинствата, така и на индустријата.

Левица апелира да продолжи субвенционирањето на електричната енергија, чиј прекин ќе ги погоди најсиромашните и, веројатно, ќе доведе до нов бран на инфлација.

Само универзален државен снабдувач може да гарантира стабилизација на цените на електричната енергија, за што се залага и Левица.

Во спротивно, државата со народни пари ќе продолжи да ги полни џебовите на странските компании – создавање на државни капацитети ќе нема, државата ќе остане зависна од странски компании, додека народот е принуден да плаќа сè повисоки и повисоки сметки за струја“, стои во соопштението.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира