Левица поднесе предлог за драстично намалување на патните трошоци кај пратениците

Facebook
Twitter
Email
Print

ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци

Пратениците на Левица, Димитар Апасиев и Борислав Крмов, до собранискиот спикер поднесоа Предлог-закон за изменување на Законот за пратениците, во делот на патните трошоци.

„Со законот, се предлага четирикратно намалување на досегашните патни трошоци (од 20% на 5% од продажната цена на литар гориво за изминат километар) – што, практично, значи дека патните трошоци се сведуваат реалната цена на чинење на патен билет во меѓуградски превоз. Овој предлог-закон е плод на широка компаративно-правна анализа на регулативите на земјите од ЕУ и Западен Балкан која, во изминативе неколку месеци, ја спроведе нашиот правен тим, а од која само ни се потврди ноторниот факт дека Република Македонија, за еден мандатен период на Собранието, е рекордер во Југоисточна Европа по потрошените јавни пари за патни трошоци на парламентарците“, велат од партијата Левица.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци