Во КРЕМОНА ШОПИНГ ЦЕНТАР сега и ѕидни панели, вештачка трева, декоративни дрвца, трпезариски маси и клуб маси, компјутерски бироа и столици
ТЕМЗА - нов дневен престој во Припеп - дружење, учење, забава – исто како децата да се дома
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци
Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.
На 20.12.2023 полициски службеници од СВР Битола-ОВР Прилеп во координација со Одделот за криминалистичка полиција- Сектор за општ и насилен криминал, по преземени мерки и активности, ги лишиле од слобода В.Б.(34) и Д.М.(22) од Прилеп, поради основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност”.
„Имено, на 19.12.2023 на ул. „Кире Базерко“ во Прилеп, на барање на В.Б., Д.М. со запалива течност предизвикал пожар на патничко моторно возило „мерцедес“ со прилепски регистарски ознаки, сопственост на Б.М. (50) од Прилеп, за што добил пари од В.Б.. Со двајцата лишени од слобода извршени се службени разговори во полициска станица, при што тие го признале делото. Денеска (21.12.2023) до ОЈО Прилеп е поднесена кривична пријава за сторено кривично дело по член 288 „предизвикување општа опасност” од Кривичниот законик“, велат од СВР Битола.