Лишен од слобода прилепчанец, управувал возило без возачка дозвола и учествувал во сообраќајна незгода со полициско возило

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми

На 24.03 2026 во 11:30 часoт во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишија од слобода Е.Ш.(21) од Прилеп. Претходно, на крстосница од ул.„Кузман Јосифоски“ со ул.„Ладо Лапецот“ во Прилеп, тој со возилото „опел“ со прилепски регистарски ознаки, кое го управувал, учествувал во сообраќајна незгода со службено патничко возило на МВР „пежо“, управувано од В.И.(31) од прилепско, во која била причинета материјална штета.

По преземени мерки е констатирано дека Е.Ш. го управувал возилото без претходно да се стекне со право на управување на моторно возило, односно без возачка дозвола.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.


Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми