
На 16.04 2024 во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишиле од слобода Б.С.(22) од Прилеп.
„При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана, бела прашкаста материја, грутчеста материја, дигитална вага, предмет со остатоци од бела прашкаста материја и други предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривични дела. Лицето било приведено во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе следува соодветна пријава“, информираат од СВР Битола.