Македонија денес ја зафати екстремно топла воздушна маса со температури и до 40 степени. Од Хидрометеоролошкиот завод најавија за многу топло време преку цела недела, особено во централните и југозападните предели од земјава, а UV индексот ќе биде висок и ќе изнесува 9.

Во меѓувреме, лекарите советуваат во текот на денот кога температурите се многу високи да се избегнува излегување надвор, освен во неизбежни случаи. Во овој период лекарите препорачуваат лесна, свежа храна и што е можно повеќе вода. Во случаи кога граѓаните треба да бидат изложени на сонце, се препорачува носење капа, вода и светла облека.