Македонските компании ќе може да учествуваат на НАТО тендерите

ТЕМЗА - нов дневен престој во Припеп - дружење, учење, забава – исто како децата да се дома
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци
Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.
Во КРЕМОНА ШОПИНГ ЦЕНТАР сега и ѕидни панели, вештачка трева, декоративни дрвца, трпезариски маси и клуб маси, компјутерски бироа и столици

Македонски компании ќе може да учествуваат на јавните тендери на НАТО со годишен буџет од околу 5 милиjaрди евра. Измените на Законот за јавни набавки во областа на одбраната и безбедноста, со коишто се овозможува ова, се објавени во Службен весник, соопшти Министерството за финансии (МФ).

Членството во НАТО треба да делува како катализатор на економскиот раст. Со подобрување на состојбата со пандемијата предизвикана од коронавирусот се очекува и поголем раст на странските инвестиции.

Економските оператори коишто сакаат да учествуваат во постапките за набавки за потребите на НАТО и нејзините земји членки се евидентираат во евиденција на економски оператори што ја води Министерството за одбрана.

„Во примерот на Бугарија, странските директни инвестиции, анализирано пет години пред и по влезот во НАТО, се скоро три пати повисоки, односно од 7 проценти на 19,8 проценти од БДП. Во Албанија тие се двојно поголеми, или од 5 проценти на 9 проценти од БДП. Во Романија, исто така има висок раст, од 2,8 проценти на 7,2 проценти по пристапувањето во НАТО, додека кај Чешка од 3,2 на 7,7 проценти. Воедно, во земјите кои пристапиле кон НАТО во 2004 година, просечниот раст на извозот се зголемил од 6,8 проценти во периодот пред зачленувањето во НАТО на 11,8 проценти во периодот по пристапувањето во НАТО“, нагласува МФ.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира