Група од 19 планинари од Србија речиси цел ден, односно 18 часа биле изгубени на Шар Планина одејќи кон врвот Љуботен. Главна причина за незгодата на српските државјани е маглата во која не можеле да се снајдат како и одењето по патека која не е обележана.
За среќа во планинарскиот дом имало и македонски планинари па 7 од нив кои тргнале во потрага на нивните српски колеги и по речиси 5 часа успеале да ги пронајдат. Потоа заедно се вратиле во планинарскиот дом иако биле многу истоштени.
Српските планинари, преморени и исплашени, им се заблагодарија на македонските планинари, бидејќи како што рекоа, ги спасиле во последен час.