Македонското џудо влегува во историјата – Кадетско Европско првенство 2025 година во Скопје

Во КРЕМОНА ШОПИНГ ЦЕНТАР сега и ѕидни панели, вештачка трева, декоративни дрвца, трпезариски маси и клуб маси, компјутерски бироа и столици
ТЕМЗА - нов дневен престој во Припеп - дружење, учење, забава – исто како децата да се дома
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци
Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.

На последниот ден од кадетското Европско првенство во џудо 2024 година, потпретседателот на Европската џудо унија, Ото Кнајтингер, беше домаќин на церемонијата на предавање на знамето. Претседателот на Бугарската џудо федерација, г-дин Румен Стефанов Стоилов, ја иницираше церемонијата со врачување на знамето на г-дин Кнајтингер, кој потоа му го предаде на знамето на Претседателот на џудо Федерацијата на Македонија. г-дин Владимир Трпаноски.

Во 2023 година, Европската џудо унија на Македонија и ја додели организацијата на Јуниорски европски куп, а главниот град Скопје се покажа како совршена локација за спортистите. По овој голем потег за Федерацијата, Македонија сега прави еден многу голем чекор напред за да биде домаќини на главниот настан во календарот на ЕЈУ. Претседателот Трпаноски истакна дека е воодушевен што ќе биде домаќин на кадетското Европско првенство следната година.

„Прекрасно е што ќе бидеме домаќини на овој настан, вчера ми беше роденден и ова е најдобриот подарок што можев да го побарам. Од голема важност е што ние сме домаќини на овој настан, навистина верувам дека со тоа што ќе го има овој врвен настан џудото целосно ќе се промени во Македонија. Мислам дека нашето членство ќе се зголеми, верувам дека квалитетот ќе биде подобар, ќе стане нешто многу посебно“, истакна претседателот на џудо Федерацијата на Македонија Владимир Трпаноски.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира