Малолетник од с. Дебреште фатен како управува возило без положен возачки испит

На 17.02.2026 во 19:20 часот во с.Ропотово, полициски службеници од Полициското одделение Ропотово лишија од слобода 16-годишник од с.Дебреште, општина Долнени.

При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „фолксваген голф“ со прилепски регистарски ознаки, кое го управувал и по преземени мерки било констатирано дека го управувал возилото, без претходно положен возачки испит.

Возилото е одземено, а по целосно документирање на случајот, против него биде поднесена соодветна пријава.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира