На 24.06.2025 во 21.27 часот во Полициското одделение Ропотово било пријавено дека во с.Дреновци настанал пожар во штала сопственост на П.В.(67).
Пожарот бил изгаснат од Територијалната противпожарна единица Прилеп, а со повреди се здобил малолетник од с.Дреновци, прилепско, констатирани во Градската општа болница Прилеп. Во пожарот изгореле и три домашни животни.
Извршен е увид и се преземаат мерки за расчистување на настанот.
