По повод крајот на учебната година и овој пат во организација на Општина Прилеп ќе се одржи манифестацијата „Палачинкијада“. Настанот ќе се одржи од 11:00 часот во паркот на Могилата на Непобедените.

„Драги ученици, професори и наставници, драги наши сограѓани, ве покануваме на традиционалната „Палачинкијада“ која се одржува по повод крајот на учебната година!
Во сабота, на 15 јуни во 11:00 часот во паркот на Могилата на Непобедените ќе се дружиме, забавуваме и пееме, а исто така ќе ги прогласиме и првенците на генерации!“, велат од Општина Прилеп.