Маркови Точакџии со одличен резултат на Халк Вело грин 2024 – освоено второ место во тешка конкуренција

Во КРЕМОНА ШОПИНГ ЦЕНТАР сега и ѕидни панели, вештачка трева, декоративни дрвца, трпезариски маси и клуб маси, компјутерски бироа и столици
ТЕМЗА - нов дневен престој во Припеп - дружење, учење, забава – исто како децата да се дома
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци
Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.

Дел од тимот на Маркови Точакџии на трката во Маврово Halk velo Green 2024 која се одржа на 08.09.2024 се искачи на пиедесталот и го освои високото второ место како тим кој беше составен од Филип Илиоски, Дејан Дамески и Андријана Анастасоска.

Успехот го зголемува фактот што сите учесници, вклучувајќи ги и професионалците, беа во една иста категорија, што ја направи конкуренцијата навистина тешка.

„На трката имаше околу 200 учесници, од кои голем дел и професионални велосипедисти кои возат за клубови и во таа конкуренција ова како за здружението на Маркови Точакџии, така и за нас поединечно е навистина голем успех, имајќи во предвид дека првенствено ние сме рекреативци“, истакна Филип Илиоски.

Покрај извонредниот екипен пласман,  тројцата забележаа и одлични поединечни резултати. Андријана Анастасоска го освои високото второ место во женска конкуренција, додека Филип Илиоски и Дејан Дамески се пласираа на 16, односно 20 место во машка конкуренција.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира