MВР известува дека во периодот од 3 до 15 август, додека траеше огнената стихија, според сумирањето на резултатите од страна на полицијата поднесени се 4 кривични пријави по членови 227 и 288 од Кривичниот законик.
Поднесени се две кривични пријави против 2 лица по член 288 (предизвикување на општа опасност), и тоа од ОВР Прилеп и СВР Струмица, 2 кривични пријави против 3 лица по член 227 (предизвикување на шумски пожар), и двете од ОВР Дебар.