МЗ: Вакцината против ковид-19 не е задолжителна за студентите

Facebook
Twitter
Email
Print

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми


Во јавноста се појавија шпекулации пред почетокот на академската година дека на факултетите во Македонија на студентите им биле барани сертификати за вакцинација. Од Министерството за здравство (МЗ) за „Фокус” велат дека ова не е точна информација.

„Пожелно е студентите да се вакцинираат со што ќе се спречи ширењето на вирусот Ковид-19. Препораките се оние што имаат практична настава истата да ја организираат во групи, а предавањата доколку е возможно да се одржуваат во амфитеатар со преку едно место исполнето за седење. Маските се задолжителни за носење во затворените простории“, соопштуваат од МЗ.

Новата академска година почнува на 1 октомври.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми