МЗ: Вкупно 83 % од починатите oд ковид-19 не биле вакцинирани

Facebook
Twitter
Email
Print

ТЕМЗА - нов дневен престој во Припеп - дружење, учење, забава – исто како децата да се дома
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци
Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.
Во КРЕМОНА ШОПИНГ ЦЕНТАР сега и ѕидни панели, вештачка трева, декоративни дрвца, трпезариски маси и клуб маси, компјутерски бироа и столици

Процентот на хоспитализирани лица што се невакцинирани изнесува 79 отсто, додека само 21 отсто од сите моментно хоспитализирани пациенти се целосно вакцинирани, велат од Министерството за здравство

Во периодот од 6 август до 14 октомври од 40 208 граѓани што биле позитивни на ковид, дури 30 142, односно 74,9 отсто, не биле вакцинирани, а 25 отсто, односно 10 066, биле целосно вакцинирани, покажува анализата на Министерството за здравство.

„Процентот на хоспитализирани лица што се невакцинирани изнесува 79 отсто, додека само 21 отсто од сите моментно хоспитализирани пациенти се целосно вакцинирани… За вакцинирани се сметаат лицата кои се вакцинирани со две дози и поминале најмалку 14 дена од примање на втора доза вакцина“, велат од Министерството за здравство.

Додаваат дека смртноста кај невакцинираните е драстично поголема. Во истиот период на територија на државата починале 1 382 пациенти со ковид-19, од кои 1 149 односно 83 отсто не биле вакцинирани, а 17 отсто односно 233 примиле вакцина.

„Според анализите, починатите имале повеќе комбинирани хронични заболувања. Пациентите биле вакцинирани со сите типови вакцини што ги има на располагање кај нас. Министерството за здравство укажува на важноста на вакцинација, секоја вакцина што ја имаме на располагање е безбедна. Апелираме граѓаните да се вакцинираат, само така ќе дојдеме до колективен имунитет и ќе спречиме ширење на мутации на СарсКов2“, додаваат од Министерството за здравство.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира