МИА од Македонија и БТА од Бугарија потпишаа договор за размена на информации и соработка


На првиот ден од заедничката посета на Рим, престедателите на Македонија Стево Пендаровски и на Бугарија Румен Радев, присуствуваа на потпишување на Договор за размена на информации и професионална соработка помеѓу Медиумската Информативна Агенција (МИА) и  Бугарската телефонска агенција (БТА).

Договорот го потпишаа директорите на МИА Драган Антоновски и на БТА Кирил Волчев.

Овој договор е во согласност со Договорот за пријателство помеѓу двете држави.

„БТА и МИА ќе преземат ефикасни мерки за размената на информации да нема недобронамерна пропаганда и поттикнување на насилство, омраза или други слични дејствија, што ќе ги нарушат односите меѓу Република Бугарија и Република Македонија”.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира