Минатата недела 2 855 лица оздравеле од ковид-19

Facebook
Twitter
Email
Print

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми


Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) го објави неделениот извештај за состојбата со коронавирусот.

Минатата недела се евидентирани 2 855 оздравени лица.

Бројот на новозаразени минатата недела е помал за 8,9 % во споредба со неделата претходно.

Минатата недела се регистрирани 49 реинфекции со коронавируост.  Заклучно со 21 ноември вкупно се пријавени 870 реинфекции.

Регистриран е и помал број на тестови, а процентот на позитивни од тестирани се движи од 11 до 17 проценти.

Активни на ковид-19 се 8.290 лица, хоспитализирани се 495, од кои 330 се на кислородна поддршка и 14 на инвазивна/неинвазивна механичка вентилација.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми