Минималната плата се зголеми за 260 денари – изнесува 15.194 денари

Министерството за труд и социјална политика ја објави новата минимална плата која ќе изнесува 15.194 денари во нето износ, односно 22.146 денари во бруто износ со пресметан данок и придонеси, што всушност значи зголемување од 260 денари.

Според сегашниот Закон за минимална плата, таа се усогласува еднаш годишно, односно Министерството за труд и социјална политика ја објавува во март, а почнува да важи од 1 април.

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира