Овие денови бележиме зголемување на откупните цени за предаден тутун, а искрено очекувам цената да достигне над 360 денари, истакна денес министерто за земјоделство Љупчо Николовски.
„Апелирам до сите откупувачи, при зголемувањето на откупните цени, во предвид да имаат ретроактивна исплата до секој еден кооперант, што претходно тутунот го предале по старите цени“, рече Николовски.
Пашоски тутунски дилер Скопје веќе има доставено Анекс кон договорот за откуп на тутун, со кој цената за прва класа се зголемува на 365 денари, втора класа ќе се откупува за 264 денари, додека трета класа за 198 денари.