Мицкоски промовира Оперативен план за вработување на дури 16.000 граѓани

Facebook
Twitter
Email
Print

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми

Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски, денеска одржа прес-конференција во Медија центарот на Владата, на која го претстави Оперативниот план за вработување за 2025 година.

Мицкоски истакна дека еден од главните приоритети на Владата е подобрување на благосостојбата на граѓаните преку намалување на невработеноста и создавање ефикасен и балансиран пазар на труд.

„Затекнавме хаос – работници кои не добиваат редовно плата, млади без перспектива, индустриско производство кое бележи загуби и огромна инфлација. Секојдневно се боревме со овие предизвици речиси една година. Затоа на последната владина седница го усвоивме оперативниот план за вработување вреден 40 милиони евра, кој ќе опфати над 16.000 наши сограѓани,“ изјави Мицкоски.

Според премиерот, планот содржи активни програми и мерки кои ќе овозможат создавање нови работни места, со фокус на младите, долгорочно невработените лица и корисниците на минимална помош.

„Согласно Оперативниот план за 2025 година предвидено е да се вклучат вкупо 16.057 невработени лица, од кои 12.537 лица во активни мерки за вработување, а 3.520 лица во услуги за вработување. Со овој план се опфаќаат две главни точки. Првата е директна поддршка за стартап бизниси на млади. Втората работа е вработување 400 пожарникари кои ќе се стават на располагање на општините. Сите мерки се креирани за да ги опфатат младите до 29 години“, порача, меѓу другото, премиерот Христијан Мицкоски.

Мицкоски порача дека Владата ќе продолжи со спроведување на мерки за реална промена и подобрување на животниот стандард на сите граѓани.

„Поддршка за самовработување, поддршка за вработување на лица со попреченост, обука на работно место, обуки и многу други мерки. Ги повикуваме граѓаните да се запознаат во целост со можностите што ги нуди Оперативниот план. Секој човек е важен, а ние како Влада ќе се обидеме да отвориме повеќе работни места“, изјави Мицкоски.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми