Младиот Салим Арифи ја напушти Победа и потпиша во Косово

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми



Уште еден млад македонски фудбалер заминува во шампионатот на Косово. Иако играше малку за сениорскиот тим, туку повеќе за младите категории, Салим Арифи оствари интернационален трансфер.

18-годишниот напаѓач Салим Арифи, досегашен член на Победа, потпиша двегодишен договор за Митровица од Косово. Овој млад напаѓач постигна над 100 гола во младите категории во дресот на Победа. Арифи има настапи и за репрезентациите на Македонија, во младинските категории.

Според потпишаниот договор со клубот Митровица, откупната клаузула за Арифи изнесува 100.000 евра.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми